Институт
естественных, математических и технических наук
Институт
филологии
Институт
психологии
и образования
Институт
истории, права
и общественных наук
Институт
культуры
и искусства
Институт
физической культуры
и спорта
ЭЛЕКТРОННАЯ ПРИЕМНАЯ РЕКТОРА


Фраза дня

Успех науки – дело времени и смелости ума. (Вольтер)
Подробнее на livelib.ru:
https://www.livelib.ru/quote/42727525-106-filosofov-v-dvuh-tomah-tom-2-pavel-taranoВ молодости все силы направлены на будущее, и будущее это принимает такие разнообразные, живые и обворожительные формы под влиянием надежды, основанной не на опытности прошедшего, а на воображаемой возможности счастия, что одни понятые и разделенные мечты о будущем счастии составляют уже истинное счастие этого возраст
Искусство — самый прекрасный, самый строгий, самый радостный и благой символ извечного, не подвластного рассудку стремления человека к добру, к истине и совершенству.
 
Томас Манн

 

 

 

 

 

 




Наука

Экспертные,
консалтинговые,
научно-методические
услуги






«Как наше слово отзовется…»: пресса Македонии комментирует визит проректора по науке ЛГПУ И.В. Бурмыкиной


В центральной прессе Македонии появились публикации, посвященные участию проректора ЛГПУ по научной деятельности Ирины Виктороны Бурмыкиной в мероприятиях Международного славянского университета „Гаврило Романович Державин“.

Напомним, одним из важнейших результатов поездки Ирины Викторовы стало участие с докладом в Международной конференции и подписание соглашения о дружбе и сотрудничестве между нашими вузами.

В интервью проректор рассказала о России, Липецке, Липецком педагогическом университете, о наших студентах, их жизни и учебе. Пояснила, что в ближайшие дни в ЛГПУ начнется месячник науки, на котором будут представлены все научные школы и направления, весь научный потенциал вуза.

Она высоко оценила культуру Македонии, ее изумительную традиционную архитектуру, богатую природу, зеленые террасы, обилие цветников. Отметила, что народ Македонии обладает необыкновенной творческой энергией, что студенты и преподаватели отличаются радушием, искренностью и непосредственностью.

Ирина Викторовна подчеркнула, что Россия и Македония – народы, близкие по духу, языку и истории. И сотрудничество, бесспорно, принесет всем большую пользу.



Восхитена сум од се' што видов во Македонија

Ирина Бурмыкина, проректор за научна дејност при Липецкиoт педагошки државен универзитет во Руската Федерација

Иван Бојаџиски


Во Македонија сте за првпат, учествувате на меѓународната научна конференција во организација на МСУ „Гаврило Романович-Державин“ Свети Николе-Битола, кажете ни нешто за Вас, Вашиот Липецки универзитет...


Липецкиот педагошки универзитет е државен, а во градот кој има околу половина милион жители на нашиот универзитет студираат околу 4.500 студенти. Јас сум доктор по социолошки науки, предавам социологија, а во исто време сум и проректор за научна дејност. Првпат сум во Македонија, но од она што го видов бидете сигурни дека отсега па натаму почесто ќе доаѓам во оваа преубава земја. Викендов бев во Свети Николе, на меѓународна научна конференција која ја организира МСУ „Гаврило Романович-Державин“, а на која над 130 научници ги презентираа своите научни сознанија од разни научни области.


Што е тоа што толку силно Ве привлече за да дадете ветување дека набргу пак ќе дојдете во Македонија?


Покрај МСУ каде што владее неверојатна синергија помеѓу студентите и професорскиот кадар, во вашата земја наидов на отворени, весели, дружељубиви луѓе. Тоа го видов во Свети Николе и во Скопје, двата града кои за овој мој краток временски престој можев да ги посетам, да прошетам, да создадам некоја своја првична слика за Македонија.


Во неврзан разговор искажавте многу пофалби во однос на изгледот на нашите поголеми и помали градови, како и на нашите села. Што е тоа што кај Вас создаде убав впечаток за нас?


Ќе говорам за Куманово и Свети Николе, како и за некои села помеѓу овие два града кои попатно ги видов. За Куманово дознав дека е втор по големина град во Македонија, а во него не видов висококатници туку главно пониски куќи и станбени згради, што за мене е восхитувачко. Ме восхити и изгледот на македонските куќи во Свети Николе и во селата, кои се обележје на вашата типична национална архитектура, мали куќи со убави тераси, средени дворови, многу цвеќе во нив... тоа е она што мене ми се бендисува, тоа е она за кое јас велам дека е хуман простор за домување. Нивите ги видов изорани и подготвени за родот, многу луѓе работеа на своите имоти, тоа е една многу убава слика која говори позитивно за вас и за вашиот менталитет.

Со раководството на МСУ „Гаврило Романович-Державин“ договаравте соработка помеѓу двата универзитета. На кое поле планирате да соработувате?


Се договоривме за интензивна соработка во сферата на образованието, како и во науката. Ние на нашиот универзитет веќе поканивме група професори од МСУ да дојдат и да држат предавања, искажавме заинтересираност за размена на студенти, во месец септември во Липецк, на нашиот универзитет, ќе организираме научна конференција и ќе договориме стратегија во однос на истражувачката работа во повеќе научни области.

Што е тоа кое особено се изучува на Липецкиот универзитет, а за кое би можеле интерес да пројават и младите од нашата држава?


Познати сме по својот Факултет за историја на кој катедрата за археологија се смета за една од најдобрите во светот. Многу е популарен и Факултетот за природно-математички науки, особено информатиката. Со МСУ ќе најдеме многу точки на наша соработка која ќе биде од значење за двете страни.

Може ли личност која би допатувала сама од Русија да се снајде на својот пат низ Македонија, без притоа да и' биде потребен водич?


Мојот одговор е – да! Сите знаци на вашите патишта се испишани на кирилица, се' е разбирливо, барем за нас Русите и за сите словенски народи. Поради сето претходно што го кажав, а и поради овој факт, јас ќе им ја препорачам Македонија на многу мои пријатели и познајници.



Поделиться:   

Официально